Обраќање на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски

Почитувани,

Проектите кои ги реализиравме во само две години ми даваат за право да кажам дека реализиравме многу, реализиравме проекти ветувани со децении, реализираме како никогаш досега, остваруваме работи кои некогаш биле само пуста желба. Почнувајќи од патна инфраструктура, преку водоснабдување, реконструкција на згради, сали, игралишта, па се до проекти за поголема отвореност, транспрентност и отчетност пред граѓаните.

Со месеци наназад сум критикуван токму за овие проекти кои вредат стотици илјади евра, а во исто време годишниот буџет на општината не надминува ни една четвртина од проектите кои во моментов се реализираат на терен.

Моето прашање е следно: Колку со овие средства може да се реализираат проекти? Колку од овие поголеми проекти – канализации, резервоари, реконструкции на улици, згради, спортски сали, изградба на вечно почивалиште на Тоше, патишта до викенд зони, асфалт во населените места, уредување на полетиште за параглајдинг, набавка на возила за ТППЕ, Комуна, општина, враќање на долгови направени од претходната власт, одблокирање на сметка на основното училиште… – можат да се реализираат со буџетски пари?

Заради овие причини ние мораме да се потпираме на пари од домашни и странски фондови, пари на Владата, донации и досега сме добивале исклучително голема поддршка и максимално ги искористуваме овие можности.

Со тие буџетски пари кои ни стојат на располагање годишно ние реализиравме проекти од 2 и пол милиони евра, а сите средства обезбедени преку фондовите се 4 милиони евра. Според ова, нели мислите дека го вадиме максимумот? Нели мислите дека како што сега се гради, толку во минатото не се крадело? Кој градоначалник, која општинска администрација, која влада досега реализирала енормен број на проекти во рекордно краток период како што сега се реализира во Крушево?

Критиката е добредојдена и затоа работиме на унапредување на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во нашата работа, но, истовремено треба да бидеме свесни со какви ресурси располага општината и да не забораваме колку се реализирало во изминатите две години, а колку се реализирало претходно. Да не заборавиме дека долговите се сведени на нула, а проектите кои се реализираат се нашиот максимум. Да не заборавиме каде бевме и каде сме сега. Да не заборавиме дека и во наредните две години ќе реализираме проекти произлезени од вас, моите сограѓани.

Без оглед на се, продолжуваме со работа, особено од на пролет кога започнува новата градежна сезона со реконструкции на патишта, набавка на опрема, изградба на резервоари, водоводи, канализации, инвестирање во туризмот, образованието, јавната чисто.

Со почит,
Ваш градоначалник
Томе Христоски.