Големи успеси за младите крушевчани

Изминатиот викенд беше уште еден успешен за младите од Крушево во повеќе области.

Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ на меѓународниот фестивал на уметноста „Утринска ѕвезда“ во Банско, Бугарија, освоија награди во неколку категории.

  • Прво место за театарската претстава „Како да се ограби банка“
  • Второ место – театарска претстава „Двајца во еден“
  • Трето место за хорот при училиштето
  • Диплома за соло настапот на Марта Штерјоска

Покрај овој меѓународен голем успех за крушевското средно училиште, фестивал со повеќе од 2 000 учесници, младите пинг понгари и одбојкарки забележаа успеси.

На Државното екипно првенство до 18 години пинг погнарскиот клуб освои второ место во машка конкуренција и трето во женска.

Младите одбојкарки од ОК Синалко вчера (01.12.2019) издвојуваа две победи во натпреварите со Voley Star Shape и Fit Fun Voley со што го зацврстија првото место на табелата.