Да не се попречува изградбата на фекална канализација во Норово, општината планира уште многу проекти во селото

Почитувани сограѓани, жители на с. Норово,

Проектот за изградба на фекална канализација прва фаза во с. Норово е еден од поголемите проекти во населените места од општина Крушево и неговата важност е исклучително голема. Заеднички е интересот градот и населените места да бидат поубави за живот со унапредени услови за секојдневието.

Имајќи го ова во предвид апелирам до жителите на с. Норово, мои сограѓани, да не ја спречуваат изградбата на фекалната канализација затоа што тое е за општо добро и наш заеднички интерес на кој што сме се усогласила. Апелирам граѓаните да овозможат и да придонесуваат за овој проект да се имплементира ефикасно и брзо заради продолжување со имплементација на други инфраструктурни проекти во Норово .

Ви благодарам на разбирањето.

Со почит,
Ваш градоначалник
Томе Христоски.

Please follow and like us:
Share