Јавна дискусија за поголемо граѓанско учество

Во петок (29.11.2019) во домот на култура во Крушево со почеток во 14 часот ќе се одржи јавна дискусија за Правилникот за граѓанско учество во работата на општината кој го подоготви Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Настанот е во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Советот на општина Крушево, a поканети се сите граѓани кои сакаат поактивно да се вклучат во работата на општина Крушево со цел задоволување на потребите и барањата.

Претходно, ОБСЕ и Советот организираа дискусија на која граѓаните доставуваа предлози за зголемување на граѓанското учество во работата на општина Крушево и врз основа тоа се подготви погоре наведениот Правилник.

Програма:

13:45 – 14:00 Пристигнување и регистрација на учесниците
  14:00 – 14:15   Воведно обраќање и претставување на целите на Правилникот за граѓанско учество во работата на општина Крушево Тома Петроски, Претседател на Совет на општина Крушево
  14:30 – 15:00   Претставување на нацрт-текстот на Правилникот за граѓанско учество во работата на општина Крушево Маја Лазарова, Национален програмски офицер, Мисија на ОБСЕ во СкопјеДушко Тодороски, Национален програмски офицер, Мисија на ОБСЕ во Скопје
  15:00 – 15:30   Дискусија
  15:30 – 15:45   Заклучни согледувања и затворање на дебатата
Please follow and like us:
Share