Продолжува градежната офанзива во с. Норово, фирмата изведувач започнува со работа на канализацијата

Започнуваат активностите околу изградба на фекална канализација прва фаза во с. Норово проект кој го имплементира општина Крушево во соработка со Министерство за транспорт и врски.

Вредноста на проектот е 10 972 424 денари, средства од Европска инвестициона банка.

Покрај овој проект на територија на општина Крушево во тек се уште неколку проекти:

👉 Изградба на вечно почивалиште на Тоше Проески
👉 Асфалтирање на пат до Крушевско езеро
👉 Асфалтирање на пат од с. Борино до Житоше
👉 Изградба на фекална канализација во с. Норово
👉 Асфалтирање на пат до с. Саждево
👉 Доградба на цевковод во с. Саждево
👉 Реконструкција на пат од с. Бучин до с Воѓани (општина Кривогаштани)
👉 Изработка на проекти за изградба на канализации во населените места Алданци, Саждево, Јакреново, Пресил, Борино, Св. Митрани и Врбоец.

Please follow and like us:
Share