Македонското знаме со титула најубаво на светот

macedonian flag

Македонското знаме победи во изборот за најубаво знаме на светот! Со 13,190 гласови, нашето знаме освои убедлива победа над знамето на Велика Британија кое освои 858, во натпреварот организиран од канадскиот весник Прованс.

Во натпреварот учествуваа 64 држави, а весникот ги избрал знамињата врз основа на нивното етничко потекло.

Знамето на Република Македонија е создадено во 1995 година, како резултат на спогодбата потпишана со Република Грција, според која Република Македонија се обврзува да не го користи симболот на шеснаесеткрако сонце („Sвездата од Кутлеш“) кој се наоѓал на дотогашното знаме.

За автор на знамето се смета проф. д-р Мирослав Грчев, кој бил задолжен од Владата на Република Македонија да изработи студија за идејно графичко решение за ново државно знаме. Од 12-те доставени предлози, избран е еден, но изгласана е верзија која отстапува од неговиот предлог.