Започнува изградбата на цевковод во с. Саждево

Претставници од Министерство за транспорт и врски, општина Крушево и ЈКП „Комуна“ денес извршија вовед во работа на изведувачот и надзорот за проектот за доградба на цевковод во с. Саждево. Со ова започнува реализацијата на уште еден проект заедно со изградба на фекална каналзиација прва фаза во с. Норово и асфалтирање на пат до с Саждево чиј почеток беше означен минатата недела.

Целосната сума за овој проект изнесува 2 653 498 денари, а целосната вредност на проектите кои се во тек изнесува 874,203.42 евра.

Проектите кои во моментов се реализираат на територија на општина Крушево се следните:

Изградба на вечно почивалиште на Тоше Проески

Асфалтирање на пат кон Крушевско езеро

Изградба на канализација, прва фаза, во с. Норово

Асфалтирање на 2,5 километри пат до с. Саждево

Изградба на цевковод во с. Саждево

✅ Асфалтирање на пат с. Борино – Житоше (општина Долнени)