Се одржа јавната дискусија за планот за заштита на животната средина при реконструкција на патот од бензиска пумпа до Мечкин Камен

Денес (14.11.2019) во просториите на домот на култура „Наум Наумовски Борче“ се одржа јавната дискусија за планот за заштита на животната средина при реконструкција на патот од бензиската пумпа во Крушево до Мечкин Камен, проект кој општина Крушево веќе го има аплицирано.

Претставници од Министерството за транспорт и врски и Светска Банка ја презентираа анализата на потенцијални ризици за животната средина при реконструкција на оваа делница и потоа отворија дискусија со присутните.

На дискусијата учествува претставници од локалната самоуправа, дел од останататите јавни институции, претставници од угостителскиот сектор и други.