Започнува изградбата на канализација во Норово, асфалтирање на пат и изградба на цевковод во Саждево

Започнува имплементацијата на три големи проекти за населените места во општина Крушево – изградба на фекална канализација прва фаза во с. Норово и асфалтирање на пат во с. Саждево, а од понеделник изградба на цевковод во с. Саждево.

Овие проекти заедно со веќе изградениот резервоар за вода во с. Борино се финансирани од Министерствот за транспорт и врски и имплементирани од општина Крушево, а денес во присуство на претставници на Министерството направен е вовед во работа и со тоа официјално се означува имплементацијата на овие два големи проекти.

Меѓу граѓаните на населените места Норово и Саждево беше и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој порача дека долговетуваните проекти конечно со реализација на терен.

„ Бев оправдано критикуван од граѓаните во с.Норово затоа што никој во минатото не им помагал ниту работел тоа што се барало од него. Продолжија да ме критикуваат, обвинуваат дури и јавно по медиуми и социјални мрежи, бев прозван, но сигурен сум дека тоа не беше злонамерно, мислејќи дека и овој градоначалник лажи како и претходните.

Во меѓувреме се средуваа сите бирократски процедури кои верувајте беа многу тешки и работата подеднакво исцрпувачки тешка и напорна, на моменти дел од екипата која работеше на проектот бараше одлагање, но изричито беше моето барање дека мора и ќе го реализираме проектот, притисокот од населението беше огромен и оправдан. Плус, зборува за 21-ви век и основна потреба.
Успеавме!!! После толку време, труд да дојдеме до започнување на проектот канализација во с.Норово, асфалтирање на пат во с. Саѓдево, а од понделник и изградба на цевковод во с. Саждево.“ , изјави градоначалникот Христоски.

Вредноста на проектот за канализацијата во Норово изнесува 10 972 424 денари, за реконструкција на патот до Саждево 10 474 546 денари и за изградба на цевководот – 2 653 498 денари.