Неделен информатор (04.11.2019 – 10.04.2019)

Почитувани,

Во продололжение проследете ги активностите на општина Крушево во текот на мината седмица, односно од 4-ти до 10-ти ноември.

04.11.

  1. На 4-ти ноември 2019 година започна асфалтирањето на патниот правец с. Борино (општина Крушево) – Житоше (Општина Крушево) проект кој го имплементира општина Крушево во соработка со општина Долнени во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој, Министерство за локална самоуправа. Вкупната сумa на проектот е: 7 800 000 ден.

05.11

  1. Се санира училиштето во с. Саждево и со тоа продолжува процесот на санација на сите подрачни училишта во населените места.

06.11.

  1. Во тек е изградба на игралиште за деца во дворот на подрачното училиште ООУ „Никола Карев“ во с. Алданци. Проектот е имплементиран во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка.

2. Се санира и проширува патот кој води до маалото викано „Струнга“. Овој пат беше тешко прооден за граѓаните од овој дел на градот, но со малата санација и проширувањето ќе се обезбеди полесно движење особено за возилата.

08.11

  1. Градоначалникот на општина Крушево гостува во утринската емисија на МТВ 1 во која зборува за тековните проекти, а особено внимание обрнува на престојната зимска сезона.
  2. Општина Крушево објавува известување за одржување на јавна расправа и достапност на документот “Листа за проверка со План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во рамки на Проектот за локални патишта за поврзување во Република Северна Македонија“.
  3. Се објавува интервјуто на градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски за интернет порталот Револуционер. Интервјуто на следниот линк: https://revolucioner.press/2019/11/08/%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b2%d1%98%d1%83-%d1%81%d0%be-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d1%80%d1%83%d1%88%d0%b5/?fbclid=IwAR0yQ2xQpjtv3q4osOG5HXFbFhbwikGXDseFWXwmn-jDBU4uQxTBDa-wMrA

09.11.

  1. Се оспособуваат пристапните патеки до ски центарот Станич во пресрет на зимската сезона.

10.11.

  1. Закажан подготвителниот настан за Светското првенство во змајарство 2021 година. На настанот кој ќе се одржи од 26-ти до 31-ви јули 2020 година ќе учествуваат натпреварувачи од целиот свет, а целта на овој настан е да се подготват теренот и натпреварувачите за 23-тото Светско првенство во змајарство.