Известување за одржување на јавна расправа и достапност на документот “Листа за проверка со План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во рамки на Проектот за локални патишта за поврзување во Република Северна Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за одржување на јавна расправа и достапност на документот

“Листа за проверка со План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во рамки на Проектот за локални патишта за поврзување во Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за локални патишта за поврзување во Република Северна Македонија” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура Општина Крушево аплицираше со проект за рехабилитација на постоечки пат и пешачка патека од месноста Порта до месноста Мечкин Камен во општина Крушево. Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “Листа за проверка со План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “Листа за проверка со План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на:  Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Крушево (http://opstinakrusevo.gov.mk).

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна  до Г-ѓа Харита Пандовска на следната е-mail адреса: harita.pandovska.eip@mtc.gov.mk или во печатена форма да ги испратите на следната адреса: Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија, Даме Груев бр. 6 , 1000 Скопје.

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ “Листа за проверка со План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Крушево ќе организираат јавна расправа на ден 14.11.2019 со почеток во 13.00 часот. Јавната расправа ќе се одржи во Дом на култура Наум Наумовски Борче во Крушево. Записник од јавната расправа ќе биде испратен до сите заинтересирани кои доставиле коментари преку нивните контакти (доставените е-mail адреси/поштенски адреси).

Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија

Во прилог погледнете ги останатите документи на англиски и албански јазик кои ги вклучуваат известувањето и КОНТРОЛЕН СПИСОК НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАШАЊА (ПУЖССП)
Санација на постоен пат и патека од населбата „Порта“ до населбата „Мечкин
Камен“ во Општина Крушево

Please follow and like us:
Share