Општина Крушево пример за вклучување на граѓаните во работењето, регионален форум на Finance Think

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски со свое обраќање беше дел од регионалниот форум „ Општините и граѓаните: заедно до подобар буџет” организиран од страна на невладината организација Finance Think како општина која претставува пример во вклучувањето на граѓането во креирањето политика и работата на локалната самоуправа.

Денешните резултатите на терен, инвестиции, градежни активности, опремување на службите е резултат не само на анализите правени вантре во самата локална самоуправа, туку и по сугестиите правени со граѓаните, секојдневно во градоначалничкиот кабинет, но и на бројните јавни дебати и дискусии организирани, меѓу кои и оние со вашата организација. Токму од секојдневната комуникација со граѓаните произлегоа многу проекти надвор од предизборната програма, од годишната програма на општината и генерално од мојата визија како градоначалник на оваа општина. Такви проекти се набавката на трактор со плуг за снег со поддршка на Амбасадата на Германија, набавка произлезена од една дискусија организиран со Фајненс Тинк, набавка на контејнери, произлезено од работилнците преку проектот за развој на авантуристички туризам и она што во моментов го подготвуваме е набавка на 21 контејнер и камион за чистење и метење – метларка и ред други проекти произлезени директно од граѓаните.“, рече Томе Христоски во своето обраќање илустрирајќи го учеството на граѓаните во работата на локалната самоуправа.

На настанот се обратија и Директорот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија Едвард Гонзалес, минситерот за локална самоуправа Горан Милевски, и градоначалниците Борјанчо Мицевски и Александар Наумовски.

Please follow and like us:
Share