Повик за поднесување понуди за набавка на метларка, контејнери и косилка

Општина Крушево го објавува следниот:

Повик за поднесување на понуди (ППП)

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)

MSIP-NCB-13819

  1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
  • Република Северна Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој за Проектот за подобрување на општински услугите и има намера дел од добиените средства од овој Кредит да ги искористи за исплата по договор  за набавка на стоки –Набавка на опрема за одржување на јавната хигиена во општина Крушево – MSIP-NCB-138-19
  • Општина Крушево ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка и транспорт на 1 (едно) мултифункционално комунално возило (камион) за чистење/метење на улици, 21 (дваесет и еден) метален контејнер за комунален отпад со капак со капацитет од 1,1 м3 и 1 (еден) хидрауличен мулчер/косачка за трактор за косење трева и гранки,  да ги достават своите запечатени понуди.
  • Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање  (NCB) како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од јануари 2011 година), и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.
  • Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации од: Татјана Хасану, Општина Крушево и да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса: Ул. Никола Ѓурковиќ бр.16а, Крушево, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот не подоцна од 15.11.2019
  • Потребните квалификации вклучуваат:
  • Финансиска способност:

Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следниве финансиски услови: годишен обрт од најмалку 240.000 ЕУР во било која од последните три години. Доколку Понудувачот е во форма на Заедничко вложување (ЗВ), сите членови на ЗВ треба заедно да  ги исполнуваат горенаведените услови за квалификација. Главниот носител на заедничкото вложување  треба да исполнува најмалку шеесет проценти од горенаведените  квалификациски услови.

  • Искуство и технички капацитет

Понудувачот треба да достави документиран доказ со кој ќе демонстрира дека ги исполнува следните услови во однос на искуство:

  1. Понудувачот треба да има искуство во производство и набавка на стоки слични на тие од понудата во период од најмалку пет години пред крајниот рок за доставување на понуди. Доколку Понудувачот е Заедничко вложување (ЗВ), главниот партнер треба да го исполни овој услов.
  2. Понудувачот треба да достави референтна листа за најмалку два (2) успешно спроведени договори во последните пет (5) години, за набавка на најмалку две (2) исти или слични возила кои се предмет на оваа набавка: мултифункционално комунално возило (камион) за чистење/метење на улици. Ако Понудувачот е Заедничко вложување (ЗВ), сите членови треба заеднички да ги исполнуваат сите квалификациски услови  и секој од членовите од ЗВ треба да има најмалку еден успешно спроведен договор во последните пет години за набавка на слични стоки.
  3. Понудувачот треба да достави детален опис на пост-продажните услуги и резервните делови на располагање во земјата на Купувачот за стоките кои се нудат во Понудата. Ако ваквите услуги не се достапни во земјата на Купувачот, Понудувачот треба да достави во понудата писмена потврда дека доколку е успешен, тој ќе биде застапен од страна на агент во земјата на Купувачот, како што е наведено во клаузула 19.1(б) од ИП и клаузула 19.1(б) од ИП во ЛПП. Доколку Понудувачот е успешен, тој треба да достави документиран доказ за именување на квалификуван агент во рок од 28 дена од денот на приемот на известувањето за доделување на договорот.  Неможноста да достави ваков доказ преставува основа за поништување на Договорот. Во тој случај, Купувачот може го додели договорот на следниот Понудувач со најниска цена којшто има квалификации, во согласност со клаузула 44.2 од ИП.
  • Понудувачот треба да достави документиран доказ со кој ќе покаже дека  стоките кои ги нуди ги исполнуваат следниве услови за употреба:

Понудувачот ќе достави технички карактеристики во согласност со бараните технички карактеристики-спецификации на понуденото специјални комунално возило, каталози, фотографии на возилото и опремата.

Нема повластување за домашни понудувачи односно стоки кои се произведени во земјата на Купувачот. Подетални услови во однос на квалификациите се дадени во тендерската документација.

  • Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу:

Општина Крушево, Предмет: Набавка на опрема за одржување на јавната хигиена во општина Крушево Адреса: ул.Никола Ѓурковиќ бр.16а, архива, Крушево, Поштенски број: 7550, Република Северна Македонија и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД.

a.)        За плаќања во МКД – број на сметка

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 740014057663016

Приходно конто: 724125

Програма 00

Комплетот тендерска документација ќе биде испратен во електронска и печатена форма на адресите доставени од страна на Понудувачите во форма на писмено барање.

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса: Општина Крушево, Предмет: Набавка на опрема за одржување на јавната хигиена во општина Крушево Адреса: ул. Никола Ѓурковиќ бр.16а, Архива на општина Крушево, Крушево, Поштенски број: 7550, Република Северна Македонија, не подоцна од:

12:00 попладне (по локално време) 29.11.019

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од не помалку од 150,000.00 МКД. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу: Општина Крушево, Кабинет на градоначалник, ул.Никола Ѓурковиќ бр.16а, Поштенски број: 7550, Република Северна Македонија, во:

12:00 попладне (по локално време) 29.11.2019

Please follow and like us:
Share