Втор ден од работилницата „Дестинациски менаџмент“

На вториот ден од работилницата „Дестинациски менаџмент“ беше претставен проектот во чии рамки спаѓаат трите работилници кои се спроведоа со угостителскиот сектор, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски се осврна на она што општината го сработи во изминатите две години во областа на туризмот.

Присутните дискутираа со професорите од Факултетот за туризам од Охрид Науме Мариноски и Иванка Несторовска како и градоначалникот Христоски на темата за заеднички пристап во креирањето на туристичка понуда, а беа претставени и алатки за подобра соработка меѓу издавачите на соби и туристичките агенции.

Оваа работилница е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементирам од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на вице премиерот за економски прашања и општина Крушево.