Почетна » Проекти (Page 2)

Архива на објави: Проекти

Проекти од областа на инфраструктурата за 2015г.

За 2015г. општина Крушево обезбеди финансиски средства за повеќе проекти од областа на инфраструктурата кои ќе придонесат за подобрување на патнaтa мрежa во општината:
ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА ПРЕОСТАНАТАТА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ КРИВОГАШТАНИ – БУЧИН ВО ДОЛЖИНА ОД 1,9 km
Изведувач: „Гранит“ Скопје
Краен рок за изведба: август 2015г.
Извор на финансирање: Светска Банка
Вредност: 11,5 милиони денари

ЌЕ СЕ РЕХАБИЛИТИРА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КРУШЕВО-ДЕМИР ХИСАР
Извор на финансирање: Јавно претпријатие за државни патишта
Вредност: 7 милиони денари

ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО КРУШЕВО
Извор на финансирање: Министерство за транспорт и врски
Вредност: 4 милиони денари

• ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА, РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ПАТНАТА МРЕЖА

 

patista za objava-2

 

 

Share

Потпишан договор помеѓу општина Крушево и Светска Банка

Потпишан договор помеѓу општина Крушево и Светска Банка во рамки на Проектот  за подобрување на општинските услуги за поставување на 255 водомери во  населените места Алданци, Норово и Саждево.
Целта на проектот е подобрување на водоснабдувањето и рационално користење на водата за пиење.

Share

Поплочен со бехатон коцки дел од улицата „Киро Фетак “

Поплочен со бехатон коцки дел од улицата „Киро Фетак “ со вкупна површина од 350м2

(more…)

Share

Обнова на куќа од старата градска архитектура

Реализирана e првата фаза од проектот за конзервација на фасадата на куќата на ул. „Нико Доага“ бр. 65 во Крушево, која е дел од проектот на Владата и на Министерството за култура за реконструкција на фасади на значајни објекти од старата градска архитектура.

Конзервацијата на објектот се одвива во неколку фази, а стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп во рамките на првата фаза извршија целосна замена на потпокривната конструкција и препокривање на куќата со камени плочи. Претходно на објектот беше извршено зајакнување на темелите, а се работеше и на обликување на фасадата со основните градежни материјали, дрво и камен, со цел зачувување на амбиенталноста на куќата.

Објектот има конструктивна и естетска концепција типична за крушевските куќи, а во изминатиот период беше со особено нарушен изглед на надворешноста. Целта на проектот е целосно да се зачува автентичниот изглед на фасадата на објектот кој се наоѓа во непосредна близина на галеријата „Мартиновски“. Тоа ќе придонесе за оформување комплетна слика за градителското наследство на Крушево.

По обновените фасади на куќите на семејството Важарови и на семејството Бинка, куќата на ул. „Нико Доага“ број 65, е трет објект од староградска архитектура со впечатлива надворешност во Крушево на кој се обновува фасадата.

Галерија

Share

ПРОЕКТ „Јакнење на крушевската жена“

Трет успешно реализиран проект на Општинa Крушево за оваа година.
Во соработка со Мисијата на УСАИД и асоцијацијата Finance Think во Крушево започна проектот „Зајакнување на жените од Крушево преку здружување за производство, промоција и продажба на традиционални и еколошки производи“.
Проектот го отвори градоначалникот на Општина Крушево г-дин Ѓорѓи Дамчески и директорот на канцеларијата на УСАИД во Македонија г-дин Џејмс Стеин.
Проектот е со времетраење од една година и има за цел развој на вештини, подигнување на свеста и едукација на жените во производство и продажба на локални, домашни, традиционални, еколошки производи преку здружување (мини кластери).


Share

Заменета столаријата во СОУ „Наум Наумоски Борче“

Заменета столаријата (сите прозорци во училиштето) со нови алуминиумски прозорци. Проектот се реализира од страна на Општина Крушево и СОУ „Наум Наумоски Борче“ во соработка со Европската команда на Армијата на САД и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Untitled-1 1

Share