Почетна » Вести

Архива на објави: Вести

Традиционални велигденски игри – Велигден во Крушево

Сподели

Учениците од IIа одделение од ООУ „Никола Карев“ Крушево му посакаа среќни велигденски празници на Градоначалникот на Општина Крушево

По повод престојните Велигденските празници, учениците од IIа одделение од ООУ „Никола Карев“ Крушево  го посетија Градоначалникот на Општина Крушево подарувајќи му прекрасни велигденски изработки, изработени од вредните рачиња на учениците и нивната наставничка  Надежда Маркоска. Рецитирајќи велигденски песни посакаа среќни велигденски празници.

Градоначалникот се заблагодари за вниманието и искажувајќи пофалби за креативноста на учениците им посака успех во учењето, добро здравје, среќа и безгрижно детство.

Специјализирана смотра на македонски изворни шарпланинци

kucinja

ООУ „Св. Кирил и Метoдиј“ с.Бучин продолжува со реализација на меѓународниот проект „Учи и играј со ИКТ“ кој е дел од програмата Еразмус+ на Европската Унија

Меѓународниот проект  „Учи и играј со ИКТ“, кој се спроведува во рамките на Еразмус+ програмата на Европската Унија, а го  реализира општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од  с.Бучин, Општина Крушево опфаќа повеќе активности со кои учениците и наставниците од повеќе европски земји ќе имаат можност да ги развиваат јазичните, комуникациските и математичките способности преку примена на икт технологијата.

Благодарение на овој проект, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ од с.Бучин беше домаќин на претставници од основни училишта од Ирска, Бугарија, Хрватска, Португалија, Австрија, Литванија и Шпанија кои исто така се вклучени во реализацијата на овој меѓународен проект.

Посетата беше искористена за размена на искуства и практики од образовниот процес во своите земји како и запознавања со историјата и културата на Крушево – како домаќин но и на Р.Македонија воопшто.

На приемот кај Градоначалникот на Општина Крушево, наставниците и директорите истакнаа дека се задоволни од својот престој тука, од храната и гостопримството на граѓаните, а воедно го запознаа Градоначалникот со текот и прогресот на проектот во земјите од каде доаѓаат.

Градоначалникот откако ги запозна со основните податоци за општината и проектите кои се реализираат,  истакна дека е задоволен од одвивањето на овој меѓународен проект, кој е меѓу првите кои се реализираат на територијата на Општина Крушево. Посочи дека се надева на пријатен престој тука како и успешна соработка во иднина на слични вакви проекти за што Општина Крушево е секогаш отворена.

Известување

krusevo

Се известуваат сите правни и физички лица кои се заинтересирани за закупување на простор пред деловни простории на јавни површини, во рок од седум денови од објавувањето на известувањето да достават барање до Општина Крушево и во прилог да ги достават потребните документи:

  • Извод од регистарот на дејности;
  • Налог за платени административни такси;
  • Употребна дозвола;
  • Прецизен опис на комерцијалните услуги кои ќе ги дава на јавната пешачка површина;
  • Согласност за исполнување на минимално техничките услови за вршење на дејноста;
  • Скица од просторот кој се бара да биде одобрен.

 

Крушево, 12.04.2017г.

                                                                                                         Општина Крушево

    Градоначалник,

    Ѓорги Дамчески

с.Свето Митрани ќе добие уште една пешачка улица

Во тек е изградба на пешачка улица во с.Свето Митрани.

Се работи за Крак 4, во површина од 700м2.

Вредност на инвестицијата: 800.000 ден.

Извор на финансирање: ЈПП и Општина Крушево

Изведувач: „Пела Транс“ Прилеп

Трето место за учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево на меѓународниот кулинарски фестивал „Бисер мора“ во Брач

Претставувајќи го своето матично училиште но и Општина Крушево, учениците Петар Кремчески, Михаела Здравеска и Валентин Илиевски под менторство на професорката Оливера Карева Скола освоија бронзен медал на 12-от Меѓународен кулинарски фестивал „Бисер мора“ во Брач.

Имено, 12-от Меѓународен кулинарски фестивал „Бисер мора“  се одржа во периодот од 06 – 09.04.2017 година, во Супетар, остров Брач, Хрватска, . Во конкуренција од 11 средни угостителски училишта од Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија, учениците од СОУ „Наум Нумовски Борче“ од Крушево освоија бронзен медал натпреварувајќи се во категорија ЈТ1 – школско тимско натпреварување.

На приемот кај Градоначалникот на Општина Крушево, учениците ги искажаа своите искуства и импресии од натпреварувањето додека Градоначалникот го изрази своето задоволство од постигнатиот успех посакувајќи им уште поголеми во иднина.

Наградени најкреативните маски на Првоаприлскиот маскенбал 2017год.

Од страна на Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески, во х.Монтана Палас беа доделени наградите на учесниците на Првоаприлскиот маскенбал 2017год. кои покажаа најголема креативност во изработката и презентацијата на маски.

Наградниот фонд се состоеше од книги за сите наградени и географски карти, а беа доделени во 3 категории: креативна маска (1 награда), поединечна маска (3 награди) и групна маска (3 награди).

 

  • Креативна маска – „БЕБИЊА“,  учениците од VIIа одд.

 

  • I место групна маска – „АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА“,  учениците од VIа одд.
  • II место групна маска – „МЕДУЗИ“,  учениците од IIa одд.
  • III место групна маска – „ЕКО СТИЛИСИМО“,  учениците од ПУ с.Врбоец

 

  • I место поединечна маска – „КОЧАН“,  Елисавети Илиеска,  Vа одд.
  • II место поединечна маска – „ЅВОНЧИЦА“,  Леона Јанковска, IIб одд.
  • III место поединечна  маска – „КОСТУР“, Анастасиј Проески, IIIa одд.

 

 

 

 

 

Учениците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Бучин во посета на партнерското училиште во Бугарија

„Учи и играј со ИКТ“ е меѓународниот проект кој во рамките на Еразмус+ програмата на Европската Унија го реализира општинското основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Бучин, Општина Крушево.

Во рамките на проектот 11 ученици од населените места Бучин, Пресил и Свето Mитрани, заедно со 5 наставници, беа одлично пречекани од нивните домаќини од училиштето „Димче Дебељанов” во Бургас, Бугарија.

За време на посетата покрај учество со свои точки во одбележувањето на патрониот празник на училиштето од Бургас, учениците и наставниците имаа можност да посетат и повеќе знаменитости во Бургас како и  Планетариумот и Делфинариумот во Варна.

Сепак основна цел на размената беше стекнувањето со нови знаења од примената на ИКТ содржини во наставата што и во целост беше исполнето преку посетата на наставни икт часови кои се реализираа во училиштето – домаќин.

Благодарение на овој проект, учениците ќе имаат можност да ги развиваат јазичните, комуникациските и математичките способности преку примената на икт технологијата.

Оваа посета е само една од многубројните активности кои ќе се спроведат во иднина преку истиот проект. Во периодот од 8 до 11 април 2017 година, училиштето во Бучин ќе прерасне во центар кој во себе ќе обедини училиштата од повеќе европски земји кои се дел од проектот. Во работна посета на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ Бучин ќе пристигнат наставници и директори на училишта од Ирска, Бугарија, Хрватска, Португалија, Австрија, Литванија и Шпанија. Само 40-тина дена подоцна во возвратна посета ќе пристигнат ученици и наставници од партнерското училиште во Бургас, кои за прв пат со своето присуство ќе го збогатат одбележувањето на патрониот празник на училиштето во Бучин.

Детската градинка „Гонча Туфа“ од Крушево го одбележа својот патрон празник

Со детска смеа и интересни точки изведени од дечињата згрижени во детската градинка „Гонча Туфа“ од Крушево, се одбележа патрониот празник на оваа институција.

Детските песнички, рецитали и игри ги испратија присутните со насмевки на лицата и задоволство што присуствувале на ваков настан.