Почетна » Млади (Page 2)

Архива на објави: Млади

When in Krusevo 2018 – 29 јуни до 1 јули

when in krusevo

Настанот When in Krusevo кој минатата година се одржа за прв пат во Крушево веќе е закажан за 29-ти јуни и ќе трае до 1-ви јули.

Минатата година овој настан предизвика голема популарност и покрај музички фестивал вклучуваше и планински велосипедизам, планинарење, параглајдинг, посета на музеи и слично.

Следете ја Фејсбук фан страната на настанот и дознајте повеќе за When in Krusevo 2018.

Share

Градоначалникот гостин на „Спорт за општествена акција“

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски во саботата, 14.04.2018, гостуваше на настанот „Спорт за општествена акција“ во организација на Младински Сојуз – Крушево, во соработка со Специјалната олимпијада од Македонија и СОУ Наум Наумовски Борче, финансиски поддржан од Еразмус +.

Градоначалникот Христоски им посака добредојде на гостите и порача дека сите се исти и сите заслужуваат еднаква шанса.

„Сите сме исти и сите заслужуваме исти можности. Ви посакувам добредојде и очекувам повторно да го посетите Крушево“, рече Христоски при обраќањето пред учесниците, учениците од гимнацијата, претставници на Младински  Сојуз и Специјалната олимпијада на Македонија.

На овој настан се обратија и директорката на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Снежана Миленкоска, Билјана Стојческа од Младински Сојуз и претставници на Специјалната олимпијада.

Share

Градоначалникот Христоски на тркалезна маса – Крушево, град пријател на младите

Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, претставници од локалната самоуправа и Советот на Општина Крушево во петокот (13-ти април) учествуваа на тркалезна маса организирана од Младински Сојуз – Крушево, поддржана од УСАИД.

На дебатата, на која присуствуваа млади од Општина Крушево, претставници на невладини, неформални групи, СОУ „Наум Наумовски Борче“,гости од соседна Србија, бизнисмени, се разговараше за состојбата со младите во општината, а беа презентирани и резултатите од истражувањето на Младински Сојуз за тоа колку Крушево е град пријател на младите

Тркалезната маса се одржа во хотел Монтана Палас, Крушево.

Share

КМА ги презентира производите за промоција на Крушево

Минатиот понеделник, 02.04.2018г., Културна младинска акција ги промовираше производите за промоција на Крушево креирани од членовите на оваа неформална организација.

Изработката на производите за промовирање на Крушево е поддржана од Civic Engagement проектот на УСАИД, а оваа неформална група на млади луѓе е добитник на наградата за младинско учество за 2017 година.

Изработените материјали ќе бидат доставени до сите засегнати страни и истите ќе се користат за промоција и претставување на Крушево.

Share

Првоаприлски маскенбал во понеделник во Крушево

maskenbal

Во понеделник, 02.04.2018, на градскиот плоштад во Крушево со почеток во 12 часот ќе се одржи традиционалниот првоаприлски маскенбал во организација на ООУ „Никола Карев“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и Општина Крушево.

Дел од овој настан ќе бидат детската градинка „Гонча Туфа“, како и гости од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Бучин и од општина Кривогаштани.

Share

Претставување на продукти за промоција на Крушево – КМА за Крушево

КМА

Во понеделник, 02.04.2018, во Домот на Култура Наум Наумовски Борче, 13:00 часот,  Културна младинска акција од Крушево ќе ги презентира продуктите за промоција на Крушево кои младите припадници на оваа неформална организација ги изработија.

Културна младинска акција е добитник на наградата за младинско учество за 2017 година, доделена од Националниот младински совет на Македонија, а проектот е поддржан од УСАИД Македонија.

Општина Крушево и Градоначалникот Томе Христоски изразуваат силна поддршка за младинскиот активизам во општината и повикуваат на мобилизација за што поголемо младинско учество.

Повеќе информации за настанот на следниот линк.

Share

Второ место за СОУ Наум Наумовски борче на Фестивал во гастрономија, Хрватска

Учениците Михаела Здравеска и Филип Стојковски од СОУ Наум Наумовски Борче освоија второ место на Фестивалот за гастрономија во Брач, Хрватска и заедно со дел од професорите и директорката Снежана Миленкоска  го посетија Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски во неговиот кабинет, денес, 28.03.2018,.

Тимот на Наум Наумовски Борче, под менторство на професорите Љупчо Крстевски и Оливера Карева Скола, на Фестивалот за гастрономија „Бисер мора“ беа единствени учесници од Македонија, а се натпреваруваа во конкуренција од 32 тима.

Ова не е прва награда за крушевската гимназија на овој Фестивал. Минатите две години ученици од Наум Наумовски Борче освојуваа 3-ти места.

nnborce@gmail.com

Share

Одбележување на часот на Земјата во Крушево

Earth-Hour-Main

Општина Крушево во соработка со Црвен крст од Крушево на 24-ти март 2018 година ќе го одбележат часот на планетата Земја со исклучување на уличните светла и палење на свеќи.

Настанот ќе се состои во исклучување на уличното осветлување во градот во периодот од 20:30 до 21:00 часот во сабота, на 24-ти март, додека Црвен крст Крушево во центарот на градот ќе го означи часот на планетата Земја со палење на свеќи во форма на логото на акцијата

Акцијата доаѓа на покана на Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја“ од Скопје.

Share

Повик за аудиција за млади актери – „Вечери во чест на Васил Иљоски“

Споменик_-_Васил_Иљоски

Театар Крушево ги повикува младите да се пријават на аудиција за учество во изведба на драма на крушевскиот писател Васил Иљоски. Аудицијата ќе се одржи четврток и петок (22.03 и 23.03.2018) во 14 часот во народниот театар во Крушево, а заинтересираните можат да се пријават на Фејсбук страницата Театар Крушево и во народниот театар во терминот одреден за аудицијата.

Настанот „Вечери во чест на Васил Иљоски“ е настан кој се одржува за прв пат годинава со цел истакнување на името и делото на Васил Иљоски и развивање на културниот живот на младите. „Вечер во чест на Васил Иљоски“ е организиран од страна на општина Крушево со поддршка на Министерството за култура.

Повеќе информации на следниот линк:
Театар Крушево

Share