Почетна » Uncategorized

Архива на објави: Uncategorized

Се поставува нова вештачка трева на полетиштето на Мечкин Камен

На полетиштето на Мечкин Камен во Крушево се поставува нова професионална вештачка трева која ќе ги подобри условите за одржување на многу национални, меѓународни, Европски и Светски првенства во параглајдинг и змејарство.

Деновиве јавното претпријатие „Комуна“ е на терен и работи на поставувањето на новата вештачка трева.

Вештачката трева општина Крушево ја набава во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и истата чини 1 200 000 денари.

Share

Угостителите, Агенцијата за туризам и Општина Крушево заедно ќе работат на привлекување повеќе туристи

Денес, 3-ти април, во хотел Монтана Палас во Крушево се одржа средба меѓу Општина Крушево, угостителите од општината и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на која се претстави проектот „Локална и регионална конкурентност“, Градоначалникот Христоски ги повика угостителите на соработка, a гостуваше и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски кој ги образложи активностите што Агенцијата ги презема за промоција и развој на туризмот во Крушево.

Татјана Хасану од одделението за локален економски развој ги образложи деталите од проектот финансиран од ЕУ со 500 000 евра, а Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски ги повика угостителите заеднички да го развиваат туризмот и најави градежна експанзија во Крушево.

„Ние не знаеме се’, ни’ треба и Вашата поддршка и соработка за да угостиме што повеќе туристи во Крушево. Работиме на многу проекти и најавувам дека Крушево ќе доживее градежна експанзија.“, порача Градоначалникот Христоски.

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски порача дека минатата 2017-та година бројот на туристи во Крушево се зголемил за 10 отсто и најави дека Агенцијата стои зад Крушево.

„Минатата година за 10 отсто се зголеми бројот на туристи и годинава очекуваме повторно зголемување… Изработивме рекламен материјал за Крушево во форма на брошури, видео материјал и во иднина ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите активности“, изјави Јаневски.

На средбата со свои сугестии излегоа угостителите од градот и побараа поддршка од Агенцијата за туризам за Крушево да стане дестинација за подолг период од една година.

Share

Викендов повеќенаменското игралиште е слободно за користење, апел да не се оштетува

igralistaЗа почеток на сезоната и заради зголемениот интерес за користење на повеќенаменското игралиште во спортскиот комплекс „Езеро“ овој викенд (31.03 и 01.04.2018 година) истото е отворено за користење.

Од понеделник, 02.04.2018, ќе се започне со издавање на игралиштето, како што беше и досегашната пракса.

Исто така, апелираме до нашите сограѓани да помогнат во зачувувањето на игралиштата и да не се нанесува материјална штета, како пробивање на заштитната ограда. Овие игралишта се наши и се изградени во заеднички интерес. Ве повикуваме да се грижиме за нив.

Share

Објавен тендер за изработка на техничка документација за реконструкција на патот Стопанство – с. Норово

Општина Крушево објавува тендер за набавка на услуги за изработка на техничка документација за реконструкција на патот Стопанство – с. Норово.

Во оваа објава можете да најдете прикачени два документи за потребите на понудувачите. Едниот со поедноставена тендерска документација, а другиот – оглас за барање за прибирање на понуди.

2-Тендерска-техничка документација пат Стопанство с.Норово (1)

Барање за прибирање понуди_Набавка на услуга за изработка на техничка документација-ажурирана геодет (1)

Share