Почетна » Articles posted by Сотир Габелоски

Архива по автор: Сотир Габелоски

„Гентерм“ бара работници, обезбеден превоз и оброк

genterm-1-640x390-67348Странската компанија „Гентерм“, која има свој погон во Прилеп, бара работници  на кои ќе им биде обезбеден превоз до работното место и назад, како и еден оброк.

Сите заинтересирани до петок (20.07.2018) да се јават во Агенцијата за вработување во Крушево, каде што исто така може да добијат подетални информации.

Share

„Крушево – град на култура, историја и традиција“ од 26 до 31 јули

група СинтезисНа отворањето на настанот „Крушево – град на култура, историја и традиција“ (26.07.2018) ќе настапи групата Синтезис на плоштадот „Никола Мартиновски“ во Крушево, со почеток во 20:00 часот.

Истиот ден започнува и Етно саемот во организација на „Цвет“ во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“.

На 27- ми и 28-ми јули ќе се одржи П.С. Гитар фест, а на 29-ти литературни читања со неколку писатели и поети од Крушево.

За 30-ти јули е закажана така наречената „Вечер за театар“ со театарската претстава „Сомнително лице“ на драмското студио при домот на култура „Илинден“, Демир Хисар.

Крајот на овој настан ќе го означи пристигањето на коњаницата на 31-ви јули во 18 часот пред градскиот парк во Крушево.

„Крушево – град на култура, историја и традиција“ се организира за прв пат во Крушево и има за цел да го претстави Крушево низ призмата на културното наследство, историјата на градот и традицијата која крушевчани ја негуваат.

Share

Известување за сопствениците на угостителски објекти

Општина Крушево ги известува граѓаните кои издаваат соби навремено и во целост да ја подмируваат туристичката такса. Плаќањето на туристичката такса значи повеќе средства за дополнително инвестирање во областа на туризмот за зголемување на бројот на туристи.

Исто така, се известуваат сите сопственици на угостителските објекти навремено да ги плаќаат трошоците за претпростор.

Share

Официјално отворено Европското и Светско првенство во змејарство

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски вчера (9.07.2017) официјално го отвори Европското и Светско првенство во змејарство, а како дел од манифестацијата за отворањето се обрати и директорот на Првенството и настапи музичката група „Фолтин“.

Градоначалникот Христоски во своето обраќање потенцира дека Крушево полека прераснува во дестинација за авантуристички туризам и на натпреварувачите им посака успешно и безбедно првенство.

„Работевме и продолжуваме да работиме на подобрување на условите за практикување на овој спорт и ќе продолжиме да работиме на развивање на Крушево како дестинација за авантуристички туризам. Заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот поставивме нова вештачка трева и го уредивме полетувалиштето на Мечкин Камен, а со Воздухопловната федерација на Македонија се посветивме на промоција на ова Првенство и на Крушево. Сакам да ви се заблагодарам за вашето присуство тука и на натпреварувачите им посакувам успешно и безбедно првенство.“, порача градоначалникот на општина Крушево.

Останатите говорници порачаа дека ова е еден голем настан, а наредната година следи уште едно големо првенство, а тоа е Светското параглајдинг првенство кое исто така се одржува во Крушево.

Отворањето започна со пешачење од хотел Монтана Палас од каде што натпреварувачите беа водени од млади момчиња и девојчиња облечени во народни носии и во раце носејќи ги натписите за секоја земја учесник пешачеа до центарот на градот каде што се одржуваше приредбата. Колоната ја предводеше македонска народна музика се до градскиот парк во град Крушево.

Групата „Фолтин“ направи одлична неколкучасовна забава во центарот на Крушево со што се означи крајот на манифестацијата за отворањето.

Share

Известување за сите корисници на ЈП „Комуна“

Се известуваат сите корисници дека јавното претпријатие „Комуна“ќе врши ажурирање на податоците на корисниците и склучување на договори. Ве замолуваме во рок од 10 дена да се јавите во просториите на ЈП „Комуна“ Крушево и со себе задолжително да понесете лична карта и имотен лист

Напомена: Доколку во наведениот рок не се јавите ќе се смета дека не сакате да ги користите услугите на ЈП „Комуна“.

Share

Битолскиот фудбалски клуб „Топ Гол“ гостин на „Питу Гули“

Младите членови на фудбалскиот клуб „Топ Гол“ од Битола вчера му гостуваа на крушевскиот клуб „Питу Гули“ и на терените на „Гумење“ одиграа неколку пријателски натпревари.

Во „Топ Гол“ членуваат деца од сите возрасти, а најмладите беа оние што ја имаа централната улога заедно со најмладите членови на „Питу Гули“.

Со претставниците од битолскиот клуб се разговараше за идна соработка и вмрежување на децата од двата клубови во интерес на растот и развојот на младите, но и на сеопштиот развој на спортот во овие два града.

 

Share

По 10 години автомобилските трки се враќаат во Крушево

За 4-ти и 5-ти август (сабота и недела) се закажани ридско-планинските автомобилски трки кои после 10 години ќе се одржат повторно на патот с. Острилци до Крушево.

Првата трка е закажана за недела (5-ти август) во 11:30 часот, а втората за 13 часот, додека ден претходно во 12 часот е закажан првиот тренинг.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го изрази своето задоволство што после 10 години овие трки се враќаат во Крушево и очекува истите да се одржуваат секоја година.

„После 10 години ги враќаме автомобилските трки од село Острилци до Крушево и ќе се потрудиме овие трки да продолжат да се одржуваат секоја година. Со оглед на тоа што Министерството за транспорт и врски ќе го реконструира целосно регионалниот пат од Крушево до Демир Хисар за наредната година ќе добиеме нов асфалт и со тоа подобри услови за натпреварувачите.

Share

Општина Крушево троши помалку за улично осветление, а добива подобра услуга

Локалната самоуправа работи домаќински и економично и тоа во неколку наврати го покажаа Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и неговиот тим.

За новиот распишан тендер предвидено е да се потрошат до 300 000 денари што повторно претставува помала сума од она што се потрошила изминатите две години. Ако во 2016 и 2017 година се потрошиле 886 666 и 627 475 денари, соодветно, сумата која е планирана и со новата јавна набавка годинава е помала од претходните години.

Разликата помеѓу одржувањето на уличното осветление сега и од страна на претходната власт е огромна. Во првите 7 месеци целосно се осветлија населените места, односно првите неколку месеци се работеше на поправка на селективното менаџирање со уличното осветление од претходните години. Денес имаме пониска цена, а подобрена услуга за граѓаните.

Граѓаните мора да добиваат соодветни услуги за она што го плаќаат тие, без оглед дали се работи за граѓаните на град Крушево или населените места.

Општина Крушево исто така напоменува дека во однос на осветлението на платото на „Гумење“ се надлежни спомен куќата „Тодор Проески“ и НУ Историски музеј.

Share

Започнаа параглајдинг натпреварите, Крушево исполнето со адреналин

Денес е вториот ден од параглајдинг првенството Спортс клеш полиш кап (Sports Clash Polish Cup) кој се одржува во Крушево од 2-ри до 7-ми јули.

Ова е првото меѓународно првенство кое се одржува оваа година во Крушево, а по него ќе следат уште најмалку шест национални и меѓународни првенства.

Подолу можете да погледнете фотографии од вториот ден од ова првенство направени на полетувалиштето на Мечкин Камен.

Share

Викендов Крушево го посетија над 3 000 туристи за „Вен ин Крушево“ и „Полиш опен“

Изминатиот викенд (29.06 – 01.07.2018)  за фестивалот „Вен ин Крушево“ (When in krusevo) Крушево го посетија околу 3 000 луѓе вклучувајќи ги параглајдерстите и сите заинтересирани за престојното полско првенство во параглајдерство.

Фестивалот на отворено Вен ин Крушево (When in Кrusevo) содржеше музички концерти, планинарски, велосипедски, ботанички, тури со кајак, оф роуд (of road) тури, крушевска софра и друго.

Првата вечер на концертот на отворено, меѓу другите, настапија Игор Џамбазов и Гуру Харе, додека втората вечер главни ѕвезди беа Inner Circle. Саботното претпладне беше резервирано за планинарските и велосипедските тури и школа за тенис организирана од клубот „Југ“, додека попладнето околу Крушевско езеро се одвиваа кросфит и јога часови, дегустација на храна, кајак тури и друго.

Последниот ден беше резервиран за планинарската трка на 24 километри низ крушевската корија, а во центарот на градот беше поставена крушевска софра, заедно со музичка забава. Фестивалот официјално беше затворен со проекција на македонскиот филм „Исцелител“ на градскиот плоштад „Никола Мартиноски.

По завршувањето на настанот организаторите преку својата Фејсбук страница се заблагодарија на соработниците, волонтерите и учесниците на фестивалот.

Драги пријатели, соработници, волонтери и особено гости кои ни дојдовте во голем број и кои го разубавивте настанот во секој поглед – ви благодариме од сѐ срце за прекрасно поминатите три дена и за успешното второ издание на Outdoor festival When in Krusevo 2018! Се надеваме дека и вие уживавте исто колку нас, па се гледаме повторно идната година во Крушево! Ве сака тимот на When in Krusevo! <3“, порачаа организаторите преку социјалната мрежа Фејсбук.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски по настанот порача дека оваа е еден од моментите кога е преубаво да сте во Крушево.

„Овој викенд ако не сте биле во Крушево сте пропуштиле многу. Благодарение на Вен ин Крушево градот го посетија над 3 000 посетители, а од понеделник започнува национално првенство на Полска во параглајдерство со што се очекуваат уште туристи. Создаваме позитивна слика за Крушево и истото го градиме. Благодарност до сите што се приклучуваат кон нашата заложба“, изјави градоначалникот Христоски.

„Вен ин Крушево“ се одржува по втор пат во Крушево.

When in krusevo – Ден 3

 

Share