Почетна » Articles posted by elena

Архива по автор: elena

КОМУНАЛНА И УРБАНА ИНФРАСТРУКТУРА И ИНВЕСТИЦИИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ

01

02

03

04

05

Сподели

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

01

03

02

Продолжува изградбата на тениските и повеќенаменското игралиште на Гумење

Со почетокот на градежната сезона продолжи изградбата на тениските и повеќенаменското игралиште.

Изградбата, се очекува да биде завршена до крајот на месец јуни и традиционалниот турнир во мал фудбал 2017 год. да се одржи на новиот терен.

Одбележан денот на пролетта – 21ви Март

Засадени 1 000 садници смрча и бел бор како и садници од костен и бреза. Се садеше на месноста Бела Вода и во училишниот двор на подрачното училиште во с.Врбоец.

Садниците се донација од тутунската компанија СЕКЕ а во пошумувањето учествуваа вработени од тутунската компанија СЕКЕ, вработени од Општина Крушево, вработени од ЈП „Липа“ Крушево како и ученици од ООУ „Никола Карев“ Крушево.

 

Учениците од ООУ „Никола Карев“ ПУ с.Врбоец во посета на Градоначалникот

Учениците  од ООУ „Никола Карев“ ПУ с.Врбоец  со своите наставници ја посетија Општина Крушево, како дел од наставната програма  за општествено запознавање на локалната самоуправа.

Децата беа примени од Градоначалникот и вработените во Општината и се запознаа со работните задолженија и обврски како на Градоначалникот така и на Советот на Општина Крушево и општинската администрација.

Безброј поставените интересни прашања на учениците им  беа со задоволство одговарани,  за што на крајот од нивната посета тие  учтиво се заблагодарија.

 

Демант од Општина Крушево

Демант од Општина Крушево

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА ВО КРУШЕВО

Добрата сообраќајна инфраструктура е основа за развој на туризмот, една од носечките гранки на локалниот економски развој во Крушево.

1.2

1.1

 

Градоначалникот на Општина Крушево им го честита 8-ми март на припадничките на понежниот пол

По повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената, Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески ги посети погоните на фабриките „Фалко“ и „Секе“ и на вработените им го честиташе празникот и им посака многу здравје, среќа и успешни мигови во иднина, подарувајќи им каранфил.

Воедно, Градоначалникот упатува честитки за среќен празник на сите припаднички на понежниот пол од Општина Крушево.

Крушево ќе добие фитнес зона на отворено

Како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт „Изградба на 20 фитнес зони во Македонија“, денес беше воведена во градба фитнес зоната на отворено во Крушево,  сместена во спортско-рекреативниот комплекс „Гумење“.

 

Фитнес зоната ќе се состои од следниве елементи:

1. Комбиниран елемент со велосипед и степер;

2. Комбиниран елемент за влечење и истегнување

3. Комбиниран елемент за туркање со нозе;

4. Комбиниран елемент за чекорење ;

5. Комбиниран елемент за стомачна и грбна мускулатура;

6. Комбиниран елемент за цело тело;

7. Комбиниран елемент за чекорење и

8. Комбиниран елемент за лица со хендикеп.

 

Инвеститор: Агенција за млади и спорт

Изведувач: Урбано ЕЛ  ДООЕЛ Скопје

Вредност на проектот: 2.000.000 ден.

Рок на изведба: 3 месеци од денот на воведување во градба

КОМУНАЛНИ РАБОТИ И ИНФРАСТРУКТУРА ВО КРУШЕВО

Добрата сообраќајна инфраструктура е основа за развој на туризмот, една од носечките гранки на локалниот економски развој во Крушево.

1.1. 1.2. 1.3. 1.4.